Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Кохен, пред почетокот на министерскиот Совет на ОБСЕ, во изјава за медиумите рече дека Израел ќе продолжи да се бори против Хамас се додека не бидат ослободени сите заложници и додека Газа не биде ослободена од Хамас.

„Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври, за заложниците, за војната и за страдањето на луѓето во Газа. Тоа е Хамас. Ќе продолжиме да се бориме се додека не ги вратиме сите заложници и додека не ги елиминираме Хамас. Светот треба да е обединет за да се ослободи Газа од Хамас. Ќе продолжиме да се бориме…“, рече израелскиот министер за надворешни работи.

Прикажи повеќе