Португалскиот интернационалец Жоао Кансело е раритет во европскиот фудбал, а оваа сезона му беше неверојатно успешна, барем кога се во прашање клубовите за кои настапуваше. Тој го носеше дресот на Манчестер Сити и на Баерн Минхен, па и со двете екипи освои шампионска титула, и тоа во Англија и во Германија, две од петте најсилни лиги.
Кансело е фудбалер на Манчестер Сити, кој вториот дел од сезоната го одигра како позајмен играч во Баерн Минхен. Сепак, следната сезона најверојатно ќе игра во трет клуб. Според правилата во Премиер – лигата, Жоао Кансело ќе добие шампионски медал, со оглед дека одигра 17 натпревари во есенскиот дел од сезоната за Манчестер Сити.
Пролетва одигра 15 натпревари за Баерн Минхен, па така Жоао Кансело во една сезона освои две шампионски титули, во Англија и во Германија.