Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна оти постои можност за воено повлекување од Бахмут.

Advertisements

„За мене е најважно да не ја губиме нашата војска. И, секако, ако дојде до уште поинтензивни напади и опасност дека можеме да губиме војници, има генерали кои ќе донесат исправни одлуки на лице место. Сигурен сум во тоа“, изјави Зеленски за време на состанокот со полскиот претседател Андржеј Дуда во Варшава.

Тој рече дека ситуацијата е најтешка во Бахмут, град на истокот на Украина кој со месец е цел на руски напади.

„Но, колку повеќе муниција пристигне во Украина, побрзо ќе се соочиме со ситуацијата, не само во Бахмут, туку и на целата територија во нашата земја“, додаде Зеленски.

Прикажи повеќе