Камерунскиот голман Андре Онана ќе биде новиот чувар на мрежата на Манчестер јунајтед. Тој го напушта Интер и се сели на „Олд Трафорд“.

Интер ја одби понудата од 45 милиони евра, но потоа Манчестер Јунајтед испрати нова, за фиксна сума од 50 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони преку бонуси.

Интер сега ќе се фокусира на замената за Андре Онана. Во опција се Јан Зомер и од Баерн Минхен и Анатолиј Трубин од Шахтјор Доњецк.

Прикажи повеќе