Португалскиот стратег Жозе Мурињо сака да го доведе напаѓачот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гинвуд на позајмица во Рома, тврдат медиумите на Островот.
Гринвуд е голем талент на англискиот фудбал кој беше обвинет за силување на почетокот на јануари 2022 година. Клубот потоа го суспендираше, а „Најк“ веднаш го прекина спонзорството со играчот, кој дотогаш беше едно од водечките лица на нивниот бренд.
Сепак, обвинението оттогаш е отфрлено. Судењето не се одржа бидејќи сите клучни сведоци одбија да сведочат. Мурињо разговарал со Гринвуд и со неговиот татко, велејќи им дека тој треба да почне повторно да игра сериозен фудбал. Рома му ја нуди шансата за камбек.