Кристијан Ериксен се подготвува за својот голем камбек на фудбалските терени, на кој му недостасуваше од 12 јуни минатата година, кога на првиот натпревар на ЕП 2020 против Финска доживеа срцев удар.
Данецот веќе потпиша за клубот Брентфорд во Премиер лигата и пред да дојде на теренот, влијанието на 29-годишниот играч на Брентфорд, беше исклучително големо, бидејќи дресовите со неговото име се продаваат со „пеколна“ брзина.
Навивачите на Брентфорд, но и на Ериксен побрзаа да обезбедат фантастичен дрес, додека пораки до клубот стигнаа и надвор од Англија, каде што се истакнуваат повеќето се од Австралија и Јужна Кореја. Сета оваа ситуација го натера Брентфорд да постави рекорд, бидејќи финансиските приходи се покажаа како позитивни и пред данецот да стапи на терен. Во ваква форма, Ериксен го постигнува „првиот гол“ со Брентфорд, иако се уште не одигра ниту еден натпревар.