Парламентот на Данска денеска ќе расправа за нацрт-законот за забрана на палењето на Куранот, откако серијата сквернавења на исламската света книга предизвикаа бес во муслиманските земји.

Речиси 1000 демонстранти се обидоа да стигнат до данската амбасада во утврдената Зелена зона во Багдад кон крајот на јули, по повикот на свештеникот Моктада Садр.

Данската влада објави дека тензиите околу палењето на Куранот претставуваат закана за националната безбедност.

Предлог-законот има за цел да го прогласи за кривично дело „несоодветното третирање“ на текст „со силно религиозно значење за верска заедница“, се наведува на веб-страницата на данскиот парламент. Во периодот од 21 јули до 24 октомври годинава во Данска се регистрирани 483 палење книги или знамиња, покажуваат податоците на националната полиција.

Прикажи повеќе