Ова лето со заминувањето на дел од играчите на Реал Мадрид, се ослободуваат неколку важни брови во фудбалот, а нив ги меркаат Винисиус и Родриго. Со заминувањето на Еден Азар, Карим Бензема и Маркос Асенсио, се ослободуваат броевите 7, 9 и 11.

Според шпанските медиуми, Винисиус сака да одбере 7 или 11, иако чувствува приврзаност и кон сегашниот број 20 кој го носеше во Фламенго и го носи сега во Реал Мадрид. Родриго го сака бројот 10, тој уште е зафатен, но може да се ослободи. Десетката му припаѓа на Лука Модриќ кој уште размислува дали да остане во Реал Мадрид или да прифати богатство од Саудиска Арабија. Во последните денови саудијците сериозно навалија по потписот на Хрватот и ги зголемуваат понудите до него.

И Џуд Белингем ќе треба да одбира број. Реал Мадрид сака тој да го земе бројот 7, но 19-годишниот фудбалер преферира 22 или 5. 22 во моментов носи Ридигер, а 5 Хесус Ваљехо./Sport1

Прикажи повеќе