Ураганот Отис стигна до брегот на Мексико, недалеку од познатото одморалиште Акапулко на брегот на Тихиот Океан, соопшти денеска Американскиот национален центар за урагани (НХЦ).

„Сателитските снимки покажуваат дека Отис пристигнал недалеку од Акапулко околу 8:25 часот“, соопшти НХЦ, истакнувајќи дека ветровите достигнале брзина од 270 километри на час.

Ураганот Отис, со максимална јачина од 5 степени по скалата Сафир-Симпсон, е „потенцијално катастрофален“, но може да ослаби додека се движи понатаму кон брегот, според прогнозите на НХЦ.

Прикажи повеќе