Две лица загинаа во судир на два мали авиона над писта на аеродром северно од Бризбејн, соопштија австралиските власти кои ги истражуваат причините за инцидентот.

Австралиската телевизија „9Њуз“ пренесува наводи на локалната полиција дека пилотот на едно од леталата кои учествувале во инцидентот е „релативно повреден“.

„Судирот се случил блиску до тлото на источниот крај на пистата“, изјави Пол Реди, полициски инспектор од сојузната држава Квинсленд.

Несреќата се случила во моментот кога лицата кои загинаа, само што полетале од пистата и налетале на авионот со преживеаниот пилот за коју се наведува дека помага во истрагата.

Прикажи повеќе