Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го покани израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен да присуствува на итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со Советот за соработка на арапските земји од Персискиот залив денеска во Оман, посветен на случувањата во Израел и регионот на Блискиот Исток.

„Го поканив израелскиот министер за надворешни работи да се приклучи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Го поканив и министерот за надворешни работи на палестинската управа, Ријад ал Малки, да се обрати на собирот и да ги претстави позициите на палестинската управа“, објави Борел на платформата Х.

Борел повтори дека силно ги осудува бруталните напади на Хамас врз Израел и изрази длабоко жалење за загубата на животи.

Извор: Танјуг

Прикажи повеќе