Шпанскиот прволигаш Бетис не е во најдобра финансиска ситуација, како и многу шпански тимови, па aндалузијците бараат опции за позајмица.
Според последните информации, тренерот Мануел Пелегрини не би имал ништо против да добие дури пет играчи на позајмица од Барселона. Тоа се голманот Арнау Тенас, кој блеска на младинското Европско првенство и е трет избор на Чави Хернандез, потоа Пабло Торе, Нико Гонзалес, Абде Езалзули и Алекс Коладо.
Нико се враќа од позајмицата од Валенсија, Абде Езалзули од Осасуна, а Коладо од Елче, додека Пабло Торе не се наигра минатата сезона во Барса и има бројни понуди за позајмица.
Од горенаведените Барса би го продала само Коладо, додека за останатите се верува дека може во иднина да бидат дел од првиот тим на каталонскиот гигант.
Заминувањето на позајмици би го испразнило и буџетот за плати за неколку милиони евра, што е еден од проблемите на Барса за регистрирање на нови засилувања.