Баварците внимателно ја следат ситуацијата околу играчот од средниот ред на Барселона, тврди „Скај Спорт Германија. Доколку Илкај Гундоган се пресели на „Камп Ноу“, најверојатно ќе се намали минутажата на Де Јонг и Баерн би можел тоа да го искористи.

На Томас Тухел му се допаѓаат квалитетите на холандскиот репрезентативец и ја информирал управата за неговата желба да го доведе. Можна понуда може да се очекува во наредните недели.

Сѐ уште не е јасно дали Де Јонг би се согласил на преселба во Баерн. Играчот од средниот ред беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед минатото лето, но категорично одби да ја напушти Барселона. Во последната сезона во Ла Лига, поранешниот играч на Ајакс одигра 33 натпревари и постигна два гола.

Прикажи повеќе