Откако лондонскиот клуб одби околу 93 милиони евра колку што изнесуваше втората понуда, Баерн подготви и трета. Тоа е рекордно високо ниво за германски клуб и изнесува 100 милиони евра.
Најскапото купување на Баерн Минхен на сите времиња е Лукас Хернандез, донесен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра. Тие се подготвени да издвојат многу повеќе за играчот кој неодамна го прослави својот 30. роденден и е под договор само уште една сезона. Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем би можел да ја прифати понудата.
Кејн постигна рекордни 280 гола на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари. Се очекува Баерн Минхен, доколку се договори за трансферот со Тотенхем, на Кејн да му понуди четиригодишен договор.
И покрај одличната голгетерска кариера, Хари Кејн досега нема освоено ниту еден тимски трофеј.