Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Лидс, Тајлер Адамс. Американецот долго време е во радарот на „Црвените Ѓаволи“, кои може да упатат понуда за него на лето.

Доколку Лидс испадне од Премиер Лигата, што е многу веројатно дека ќе се случи, клубот сигурно ќе се раздели со многу свои ѕвезди. Едно од заминувањата најверојатно ќе биде и Адамс, кој тешко дека ќе има желба да игра во Чемпионшип, особено што има сериозен интерес за него.

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го привлече играчот од средниот ред во своите редови. Верува дека Лидс ќе го продаде за понуда од 20 милиони фунти. 24-годишниот Адамс одигра 26 настапи за Лидс оваа сезона и веројатно ќе имаше многу повеќе да не беа некои повреди. Тој е и капитен на репрезентацијата на САД со 36 натпревари и еден постигнат гол.

Прикажи повеќе