Популарната јужнокорејска серија Squid Game се враќа на екранот со втора сезона, објави „Нетфликс“, цитиран од CNN.
„Доаѓа втората сезона“, рече режисерот, сценарист и извршен продуцент Хванг Донг-хок во писмото до обожавателите.
Хит-продукцијата, која стекна огромна популарност, ја раскажува приказната за смртоносната детска игра во која се вклучени луѓе на кои очајно им требаат пари.
Squid Game е првата корејска серија во историјата на платформата Нетфликс која достигна број 1 во САД, привлекувајќи 1,65 милијарди часови гледаност за 28 дена од нејзиното објавување.
„Беа потребни 12 години за да се направи првата сезона на Squid Game, но беа потребни 12 дена за да стане најпознатата серија во историјата“, додаде директорот на продукцијата.
Минатата година тој потврди дека ќе ја направи втората сезона од серијата.
Red light… GREENLIGHT!
Squid Game is officially coming back for Season 2! pic.twitter.com/4usO2Zld39
— Netflix (@netflix) June 12, 2022