Карло Анчелоти следната сезона ќе ја помине на клупата на Реал Мадрид и најверојатно таму ќе ја заврши својата голема кариера. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез има план кој ќе го наследи италијанецот.
Нов тренер на Реал би можел да стане поранешниот фудбалер на овој клуб Чаби Алонсо. Легендарниот играч за врска гради многу добра кариера во Баер Леверкузен и неговиот исклучително убав стил на игра го привлече вниманието на многумина. Очигледно, претседателот Флорентино Перез исто така е убеден дека 41. годишниот играч може да биде вистинското решение за клупата на Реал и наводно тоа го направи кандидат број еден за преземање на клубот во летото 2024 година.
Чаби Алонсо тренерската кариера ја започна во Реал Сосиедад. Го водеше Б тимот на овој клуб, а работата во Баер Леверкузен му е прва сериозна тренерска работа во кариерата. Чаби Алонсо е добро познато лице во светот на фудбалот. Кариерата ја започна во Реал Сосиедад, а потоа играше за Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн. Тој беше член на Реал Мадрид од 2009 до 2014 година и одигра 236 натпревари и постигна шест гола.
Во тој период работеше со Анчелоти и Жозе Мурињо. Како тренер го предводеше Баер од Леверкузен на 37 натпревари минатата сезона, со учинок од 17 победи и по 10 нерешени и порази./Makfax/