Земјава влезе во 2022 година со поскапа електрична енергија за домаќинствата (9,48%) и поскапо парно за скопјани кои се приклучени на системот на БЕГ (14,08%). Овие одлуки, предизвикани од потресите на пазарот на електрична енергија во Европа, беа донесени на 30 и 31 јануари.

Advertisements

Под сличен притисок се и многу други држави, но главна вест денеска е Турција. Малку пред полноќ, односно пред Нова година, тамошните регулаторни власта ги објавија новите цени. А тие се – цената на електричната енергија за домаќинствата поскапува за 50%. За индустријата, пак, цената расте и до 125%, зависно од видот и големината на капацитетот.

Поскапел и природниот плин – за домаќинствата 25% а за индустријата 50%.

Драстичните поскапувања секогаш удираат по најсиромашните категории, но дополнителен проблем во Турција е што земјата веќе подолго време се бори со инфлација. Само лани, турската лира загуби околу 45% од својата вредност во споредба со американскиот долар.

Прикажи повеќе