Ким Кардашијан понекогаш ги радува своите следбеници со објави од минатото; во морето од провокативна содржина, тие претставуваат пријатно изненадување за сите.
Ѕвездата на реалните шоуа, Ким Кардашијан (45), на Инстаграм сподели фотографии од своите тинејџерски денови, што веднаш предизвика лавина коментари.
На фотографиите објавени на Инстаграм, таа позира со пријатели и членови на семејството во текот на 1990-тите и 2000-тите години, прикажувајќи различни модни стилови што биле популарни во тоа време.
„Некогаш одамна“, напиша Ким Кардашијан во описот на објавата.
На првата фотографија, основачката на брендот „SKIMS“ носи розов топ без прерамки, во комбинација со ѓердан тип „чокер“ и сјаен кармин во светла нијанса – сите тие се карактеристични трендови од раните 2000-ти, пренесува магазинот People.
На следната фотографија – очигледно направена за време на нејзините тинејџерски години во 90-тите – таа е прикажана во опуштено издание, со искинати фармерки и црна маичка, додека на наредната слика позира со своите сестри, Клои и Кортни.
Меѓу другите носталгични модни моменти беа бикини со дезен во комбинација со тексас здолниште и црни сандали со масивни платформи, како и неколку фотографии што ја прикажуваат еволуцијата на нејзината шминка низ годините, вклучувајќи го и нејзиниот препознатлив стил на шминкање очи познат како „smoky eye“.
Текстот Се појавија фотографии од Ким Кардашијан стари 20 години: Тешко е да се препознае како тинејџерка е превземен од МАКФАКС.






















