Раководството на Тотенхем му понудил продолжување на договорот на Хари Кејн со значително зголемување на платата, пренесува британски „Гардијан“. Кејн има договор со Тотенхем до јуни следната година, а моментално во лондонскиот клуб заработува околу 200.000 фунти неделно.
„Гардијан“ наведува дека претседателот на клубот Даниел Леви е решен да го задржи Кејн кој е симбол на Тотенхем и затоа е подготвен на искусниот напаѓач да му понуди нов, подобрен договор.
Леви ја одби првата понуда на Баерн Минхен од 70 милиони евра за капитенот на англиската репрезентација. Минатата сезона во Премиер-лигата постигна 30 гола на 38 натпревари.