Дали навистина се разведуваат или се работи за маркетиншки трик се уште не се знае. Сепак, новите фотографии фрлаат поинакво светло на целата драма околу нивниот наводен развод…

Со денови странските и регионалните медиуми пишуваат дека славната двојка – поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер и поранешната тенисерка Ана Ивановиќ се разведуваат по 9 години брак.

Двојката не ги коментираше овие наводи, но интересни фотографии ги преплавија социјалните мрежи среде медиумскиот хаос околу нивниот развод.

Фотографиите на Бастијан и Ана се појавија на Инстаграм како дел од кампањата на модниот бренд. Како што можете да видите, двојката гордо позираше пред објективот на фотоапаратот, а секако беа забележливи нивните блескави насмевки и погледи со љубов.

И сега никому ништо не му е јасно…

Големи се шансите фотографиите да се направени за време на нивниот љубовен период, а дури сега се објавени.

И има друга верзија на приказната…

Нивните обожаватели во коментарите истакнуваат дека ова е всушност маркетиншки трик за да му се помогне на модниот бренд, заедно со најновата колекција на облека, да добие популарност.

Како и да е, парот се уште не ја коментирал веста за нивниот развод, па сега останува само да ја почекаме вистинската вистина…

Текстот Се појавија шокантни фотографии среде гласините за разводот на Ана и Бастијан, сега ништо не е јасно е превземен од МАКФАКС.