Дел од руската делегација во Ријад е и Кирил Дмитриев, шеф на рускиот државен инвестициски фонд.

Говорејќи пред новинарите пред разговорите, тој рече дека Москва ги гледа американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим како „решачи на проблеми“.

„Тие веќе решија голем број големи предизвици многу брзо, многу ефикасно и многу успешно“, додаде Дмитриев, според новинската агенција Ројтерс.

Покрај главните преговори, предвидено е Дмитриев да се сретне и со американски претставници на економски разговори.

Текстот Руски претставник: Трамп ги решава проблемите е превземен од МАКФАКС.