Индискиот портал „Индијатајмс“ (Indiatimes) објави листа со 10 филмови што секој млад претприемач мора да ги изгледа.
- „The social network“ – филмот е за почетокот на Фејсбук и потсетува дека и големите компании, често имаат мали почетоци.
2. „Becoming Warren Buffet“ – филмот е за Ворен Бафет и неговиот живот. Стартува како амбициозно момче, опседнато со бројки, а денес е едно од најбогатите луѓе во светот.
3. „The wolf of Wall Street“ – базиран врз вистинската приказна на американскиот претприемач, Џордан Белфорт. Филмот е опишан како биографија, криминал, црна комедија.
4. „The aviator“ – станува збор за биографска драма од 2004 година. Филмот е за Хауард Хјуз, милијардерот кој се справуваше со опсесивно компулсивно пореметување.
5. „Pirates of Silicon Valley“ – во центарот е ривалството помеѓу Стив Џобс и Бил Гејтс во периодот од 1971 до 1997 година.
6. „Startup.com“ – документарец за пропаѓањето на компанијата „ГовВоркс“ (GovWorks) поради лошо управување и внатрешните борби за моќ.
7. „Wall Street“ – излезен во 1987 година, најпознат по „алчноста е добра“ – говорот на харизматичниот Гордон Геко, игран од Мајкл Даглас.
8. „The founder“ – како американскиот тајкун Реј Крок го забележа потенцијалот на Мекдоналдс и го трансформираше во еден од најголемите синџири за брза храна во светот.
9. „Thank you for smoking“ – приказната се врти околу Ник Нејлор, лобист за бизнис со цигари. Тој ја брани индустријата во предизвикувачки ситуации, но, не може добро да му ја објасни природата на оваа работа, на неговиот син, тинејџер, истовремено се бори да биде и пример за него.
10. „The Pursuit of Happyness“ – базиран на вистинската приказна за животот на Крис Гарднер. Сопругата носи одлука да го остави, откако се изморува од неговите професионални неуспеси.