Милан е заинтересиран за ѕвездата на ПСВ Ајндховен, Ибрахима Сангаре. „Росонерите“ бараат замена за Сандро Тонали, кој речиси сигурно ќе го напушти тимот во Њукасл.
Во договорот на 25-годишниот играч со ПСВ има откупна клаузула од 35 милиони евра, а Милан подготвил понуда од 30 милиони, плус бонуси.
Минатата сезона Сангаре одигра 45 натпревари, постигна осум гола и забележа шест асистенции.