Кумановци денеска трчаа на хуманитарната трка за помош за лекување на двете девојчиња со сериозна здравствена состојба Теодосија и Ана. Трката ја организираше Советот на општината, кој едногласно одлучи дека треба да им се помогне на девојчињата кои се на лекување во странство. Трката имаше ревијален карактер и се одржа на булеварот „Октомвриска револуција“.
-Првпат организиравме ваква хуманитарна трка. Советници од сите политички партии учествува, но трчаа и спортисти, деца што ми е особено драго зашто од најрана возраст треба да се учи на хуманост, граѓани, граѓански организации. Покажавме заедништво и хуманост. Кумановци се познати по хуманост, солидарност, сме докажале преку донации и за други држави кои се соочиле со непогоди. Но, ова е прва трка за малите девојчиња, наши сограѓанки, изјави претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
За двете девојчиња донираше и бизнис заедницата, работници, ученици. Кутии за донации се оставени во повеќе деловни објекти.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.