Европската унија ќе разговара за начините за обезбедување опстанок и продолжување на Радио Слободна Европа, кое беше основано и финансирано од американската држава и кое администрацијата на Доналд Трамп сака да го затвори, изјави Каја Калас.
Ова радио беше основано за време на Студената војна и служеше за ширење прозападна пропаганда до граѓаните од Источниот блок. Неговата работа првично ја финансирала ЦИА, а подоцна добивал пари директно од американскиот Конгрес, според написите.
„Тажно е да се слушне дека САД го повлекуваат финансирањето. Прашањето за нас сега е дали можеме да влеземе со сопствени ресурси за да ја пополниме празнината“, рече Калас.
Текстот Калас за Радио Слободна Европа: Тажно е да се слушне дека САД го повлекуваат финансирањето е превземен од МАКФАКС.