Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек за да го препродаваат рускиот гас.

„Американците во моментов преговараат, или барем ни кажаа дека ова е нивниот план да го купат европскиот дел од Северниот тек. Да го обноват и да ја преземат контролата. Но, ништо освен нашиот гас не може да се пумпа низ гасоводот“, рече Лавров, говорејќи на 12-от Меѓународен научен и професионален форум „Примаковови читања“, пренесува Спутник.

Тој заклучи дека Русија ќе го пумпа гасот и дека, како што претпоставува, ќе го препродадат со голема маржа.

Текстот Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од „Северен тек“ е превземен од МАКФАКС.