Фудбалскиот клуб Баерн не се откажува од трансферот на Хари Кејн. Досега Тотенхем одби две понуди, од 70 и 80 милиони евра.
Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, од Баерн бара 100 милиони евра за својот најдобра играч и стрелец За да обезбеди пари за трансферот на Кејн, Баерн планира да продаде најмалку седум играчи во летниот преоден рок.
Раководството на Баерн во договор со тренерот Томас Тухел, ја составија трансфер-листата, на која се: Буна Сар, Александар Нибел, Јан Зомер, Марсел Сабицер, Бенџамин Павард, Садио Мане и Рајан Гравенберг