Реал Мадрид успешно го отвори шампионатот во Ла Лига победувајќи го Атлетик Билбао на гости со 0-2.
Одлично деби имаше новото засилување, Џуд Белингам. Тој ги постигна и дебитантскиот погодок за „кралевите“ во Ла Лига во 36.минута, кога зголеми на на 0-2, додека првиот гол за Реал Мадрид во новата сезона беше дело на Родриго во 28.минута.
Карло Анчелоти сепак ќе има причини за загриженост поради повредата на Едер Милитао.