Екипата на Денвер Нагетс ја победи Минесота Тимбервулвс со 122:113 во вториот натпревар од првото коло на плејофот на Западната конференција.
Никола Јокиќ беше на теренот од стартот на мечот, иако пред почетокот беше под знак прашалник поради полесна повреда на зглобот на десната рака. Јокиќ одигра добра натпревар, а на крајот мечот го заврши со 27 поени, девет скока и девет асистенции. Актуелниот МВП не беше најефикасен во победничкиот тим, бидејќи Џамал Мареј беше многу добро расположен.
Плејмејкерот на Нагетс постигна 40 поени, имаше и пет асистенции. На две минути до крајот тој ја погоди клучната тројка на натпреварот, кога Минесота се доближи на минус од шест поени. Покрај Мареј и Јокиќ, двоцифрени кај Денвер беа Портер со 16 поени, Гордон со 12 и Џеф Грин со 11 поени. Во поразениот тим се истакна Ентони Едвардс со 41 поен, Гобер постигна 19, додека целосно потфрли Таунс постигнувајќи само 10 поени.
Во останатите натпревари од првото коло на плеј офот во НБА лигата, Мемфис го совлада Лос Анџелос Лејкерс со 103-93, и го израмни резултатот на 1-1. Милвоки без Атенткоунмпо успеа да го совладаат Мајами со 138 – 122, и да го израмни резултатот на 1-1.