Обама ќе му подаде рака на Бајден во борбата против Трамп

Барак Обама минатиот петок помина неколку часа во Белата куќа, во посета на својот поранешен потпретседател Џо Бајден. Расположението било весело додека партнерите разменувале шеги, пренесува Си-Ен-Ен.

Обама јасно им даде до знаење на соработниците во последниве месеци дека верува дека следува интензивен реванш меѓу Бајден и Доналд Трамп во ноември и дека изборите во 2024 година се клучни.

Бајден и Обама, заедно со поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, учествуваа на организациски повик во Белата куќа, најава за 14-годишнината од Законот за пристапна нега. „Имаме шанса да направиме уште повеќе, но тоа се случува само ако ги испратиме Џо и Камала назад во Белата куќа во ноември“, рече Обама во неговото обраќање. „Значи, мора да продолжиме да работиме“.

Обама и Бајден комуницираат редовно, велат изворите, а поранешниот претседател останува во директен контакт со некои високи функционери во Белата куќа, вклучувајќи го и шефот на кабинетот на Бајден, Џеф Зиентс, кој работеше во администрацијата на Обама.

Ангажманот на Обаман во кампањата на Бајден се очекува да се интензивира бидејќи изборите се наближуваат, а соработниците изјавија дека тој веќе се согласил на неколку настапи во кампањата пред ноември, додека работи за да помогне во обновата на победничката коалиција на Бајден од 2020 година.

М. П.