Херта ја почна сезоната во втората германска лига со пораз од Диселдорф (0-1), но резултатот е во сенка поради потегот на тренерот Пал Дардај, кој на теренот ги испрати своите три синови.
Ваков непотизам одамна не е забележан, а тоа скапо беше платено на теренот, затоа што Палко, Бенце и Мартон не му помогнаа на тренерот Дардај да ја почне сезоната со триумф и така да го најави враќањето во елитата.
Еден од синовите беше стартер на мечот, додека најстариот влезе во игра во 29. минута, а Бенце доби шанса дури во завршницата.