Челси моментално се 11. на табелата во Премиер лигата и нема победа на шест натпревари по ред во сите натпреварувања.

Advertisements

Привремениот тренер Френк Лампард не успеа да го разбуди тимот по заминувањето на Греам Потер, а во меѓувреме клубот работи на доведување тренер за новата сезона. Според информациите на Фабрицио Романо, тоа би требало да биде Маурицио Покетино (51), кој е невработен од летото 2022 година, по разделбата со ПСЖ.

Аргентинецот има големо искуство во Премиер лигата бидејќи успешно ги водеше Саутемптон од 2013 до 2014 година и Тотенхем од 2014 до 2019 година. Романо додава дека оваа недела ќе бидат финализирани преговорите со и дека aргентинецот е првиот фаворит на нов тренер на Челзи.

„Вториот кандидат е Винсeнт Компани, кој со Барнли убедливо избори промоција од Чемпионшип во Премиер лигата. Луис Енрике и Јулијан Нагелсман не се кандидати за нов тренер на Челзи“, додава Романо.

Прикажи повеќе