Денвер Нагетс и Феникс Санс закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето, во Западната конференцијата. Двата тима со 4:1 ги добија четвртфиналните серии против Минесота Тимбервулвс, односно ЛА Клиперс. На Истокот, Атланта по драмтичната победа во Бостон го намали резултатот во серијата на 2:3.
Никола Јокиќ и Џамал Мареј ги предводеа Денвер Нагетс до победата над „Волците“ од Минеаполис 112-109. Мареј постигна 35 поени, а Јокиќ стигна до трипл-дабл со 28 поени, 17 скока и 12 асистенции. Во тимот на Минесота најефикасни беа Ентони Едвардс со 29 поени, осум скока и седум асистенции и Карл-Ентони Таунс со 26 поени со 11 скока.
Во Аризона, Девин Букер го одигра најдобриот меч во кариерата, со 47 поени го предводеше Феникс до победата над ЛА Клиперс 136:130. Букер во својата статистика запиша и 10 скока и осум асистенции. Покрај Букер одличен меч одиграа и останатие од „големата четворка“ на Феникс. Кевин Дурент постигна 31 поен, Диандре Ејтон забележа 21 поен и 11 скока, а Крис Пол 15 поени, седум асистенции и пет скока. ЛА Клиперс и овој меч го одиграа без најголемите ѕвезди Каваи Ленард и Пол Џорџ. Најефикасни беа Норман Пауел со 27 поени, со 20 поени и 10 скока, Ивица Зубац имаше 16 поени и 10 скока.
Атланта Хокс го вратија брејкот и останаа во игра во серијата против Бостон Селтикс. Хокс славеа во Бостон со 119:117. Гостите од Атланта на шест и пол минути до крајот имаа минус од 13 поени (109:96), во мечот се вратија со сериjата 15:2 која ја иницираа Тре Јанг и Џон Колинс. Јанг мечот го заврши со 38 поени, Колинс постигна 22, а одличен меч одигра и Богдан Богдановиќ со 18 поени./Makfax