Реал Мадрид забележа тешка победа на домашен терен против екипата на Гранада со 1-0. „Лос Бланкос“ успеаја да победат со минимални 1 – 0 и покрај тоа што доминираа во текот на целиот натпревар.
Реал беше теренската инициатива од првата минута, но не успеа да ги финализира бројните акции. Токму напаѓачот Марко Асенсио постигна супергол од далечина за водство, а воедно и победа на мадридскиот гигант. Со контрареакции се обиде и Гранада, а албанската ѕвезда Мрито Узуни одигра цели 80 минути.
Со оваа победа Реал сега има 53 бода, шест повеќе од Севилја на втората позиција, додека Гранада е на 16-та позиција со 24 бодови.