Барселона има само една недела да го ангажира Јаник Фереира Караско од Атлетико Мадрид. Уште на зима, заедно со зделката за Мемфис Депај, шампионот во Ла Лига успеа да добие посебно намалување на цената на белгискиот интернационалец. Во принцип, откупната клаузула на крилниот напаѓач е 60 милиони евра, но во случајот на Барса е само 16 милиони.
Сепак, оваа цена за Каталонците важи само до крајот на јуни, открива „Мундо Депортиво“. Се чини дека очекувањата се Барселона прво да го продаде Феран Торес, што воопшто не изгледа сигурно, а дури потоа да тргне во купување на Караско.
Белгиецот стана сопственост на Атлетико Мадрид пред осум години, а потоа помина две сезони во Кина