реклама

АКО СТЕ дел од мнозинството, тогаш сте забележале дека во постудените месеци морате почесто од вообичаено да одите во тоалет. Во повеќето случаи, ова не е причина за загриженост. Поточно, експертите сметаат дека „проблемот“ е предизвикан од феноменот наречен ладна диуреза.

Ладна диуреза е начин на телото да ја зачува топлината кога ќе почувствува дека сме во опасност од хипотермија. Имено, биолошкиот одговор на организмот е да ја насочи крвта кон централниот дел од телото за да ја загрее. Овој процес го стимулира производството на урина, поради што во зимските месеци мораме почесто да уринираме, пишува Science ABC.

реклама

Важно е да не се меша ладна диуреза со уринарна инконтиненција. Тоа е чест проблем на неволно мокрење кој погодува милиони луѓе. Ако почувствувате какви било симптоми што ве загрижуваат, контактирајте го вашиот лекар за совет.

реклама