Французинот Зинедин Зидан, е меѓу најсериозните кандидати за клупата на Бразил, откако Дидие Дешамп дефинитивно ќе остане на кормилото на Франција до ЕП 2024 година.

Advertisements

Деталите не се познати, но доволно е да се знае дека Зидан е долго време слободен, откако по вторпат го напушти Реал Мадрид и дека ја чека вистинската понуда, а тоа секако би можела да биде селекцијата на Бразил.

Во текот на претходните денови се споменуваа дури и Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти, но Бразилците брзо ги демантираа таквите гласини.

Зидан досега го тренираше само Реал Мадрид, ги има освоено сите можни трофеи, три пехари во ЛШ по ред и има огромен авторитет за да се справи со ѕвездите на Бразил.

Прикажи повеќе