Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд во близина на Велингтон на длабочина од 48 километри соопшти владиниот сеизмички монитор Геонет, наведувајќи дека епицентарот бил на 50 километри од градот Парапарауму. Сведоци изјавиле за Ројтерс дека почувствувале силно тресење кое траело неколку секунди во главниот град Велингтон.