Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе отпатува за Британија за да се сретне со премиерот Риши Сунак, соопшти кабинетот на Сунак. Ова е прво такво патување откако Русија испрати свои војници во Украина во февруари минатата година. Зеленски ќе ги посети украинските војници кои моментално се обучуваат во Британија и ќе се обрати пред британскиот парламент, се вели во соопштението. Кабинетот на Сунак ги објави плановите за проширување на обуката за вооружените сили на Украина – вклучително и пилоти на борбени авиони и маринци – и забрзување на снабдувањето со воена опрема.