Астронаутите во идните мисии на Месечината ќе можат да се слушаат со семејствата и пријателите преку WhatsApp и да ги гледаат омилените филмови и серии на „Netflix“ благодарение на британската компанија „Инмарсат“.Pexels

До 2028 година, научниците се надеваат дека околу Месечината ќе кружат интернет сателити направени од „Инмарсат“ – една од неколкуте фирми во Велика Британија, задолжена од Европската вселенска агенција да создава телекомуникации и систем за ГПС навигација за површината на Месечината.

„Можеме да замислиме како гледаме „Netflix“ на Месечината, а потврдено е дека таму ќе иамаме и „WhatsApp“, вели Ник Шејв, потпретседател на стратешките програми на „Инмарсат“.

Pexels

Се предвидува дека во текот на следната деценија луѓето ќе се вратат на Месечината за прв пат од 1972 година, а комерцијалните компании планираат и вселенски мисии во иднина.