Вредноста на штетите предизвикани од земјотресите во Турција во февруари се проценува на 110 милијарди долари, објави турскиот министер за животна средина, урбанистичко планирање и климатски промени, Мехмет Јожасеки.

Според министерот, земјотресите на 6 февруари годинава во јужна Турција директно погодени 14 милиони луѓе во 18 градови и нивната околина.

-Во регионот каде што се случи катастрофата ги проценивме штетите на зградите со вкупно 6,6 милиони станбени единици, рече министерот, додавајќи дека 850 илјади локации, од кои 680 илјади домови и 170 илјади канцеларии се сериозно оштетени и станале неупотребливи. Според направените пресметки, вредноста на штетата е 110 милијарди долари.

Министерот Јожасеки привлече внимание на фактот дека Турција е земја која се наоѓа во сеизмички активен регион.

-Турција е земја подложна на земјотреси. Според истражувањата, Турција е петта земја со најголем ризик од земјотреси долж линијата што се протега од Алпите до Хималаите. Загрозени се 66 отсто од територијата на нашата земја и 71 отсто од нашите граѓани од земјотреси од 1 и 2 степен. Во минатиот век нè потресоа 231 земјотрес со јачина од шест степени и повеќе, истакна министерот и додаде дека Турција во земјотресите од минатиот век загубила вкупно 130 илјади луѓе.

За тековните реконструктивни активности по двата разорни земјотреси во февруари, рече дека продолжува изградбата на 250 илјади куќи. Посочи дека се поставени четири критериуми кои во никој случај нема да се игнорираат, а тоа се: да не се гради на раседни линии, да не се дозволи изградба на места со втечнување на почвата, да не се гради на места каде што има корита и да има „нулта толеранција“ во однос на архитектонско-инженерските услуги.

-Денес, има 36 милиони станбени и комерцијални имоти (31 милион домови и пет милиони комерцијални простори) низ цела Турција, од кои шест милиони во моментов се загрозени, рече тој, додавајќи дека два милиони од нив треба итно да се трансформираат.