Во 2023 година сите возачи на Формула 1 ќе имаат минијатурни камери во кацигите, кои ќе им помогнат на ТВ гледачите да видат се што гледа „пилотот“ зад воланот на автомобилот.
Формула 1 потпиша договор со „Racing Force Group“, за користење на „Driver’s Eye“ во 2023 година. ФОМ експериментира со овие камери во последните неколку сезони, а фановите и ТВ куќите се воодушевени од резултатите. Сепак, ФИА се сомнева дали овие камери ќе бидат опасни во случај на карамбол и удари на кацигата на пилотот.
Сега, сепак, тие сомнежи се отстранети. Во сезоната 2023, камерите ќе бидат минијатурни – ќе тежат само 1,43 грама, а дијаметарот на објективот е 8 милиметри, а камерата е поставена во внатрешниот заштитен слој на кацигата во нивото на очите на пилотот.