Несреќа се случила вчера на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје, кога автомобил удрил во велосипед управуван од Р.У.(75) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид, соопшти МВР.