Илјадници граѓани денеска го посетија Елбасан за да го одбележат Денот на летото. Граѓани од различни области на Албанија, од Косово и странски туристи денеска заминаа во Елбасан . Празничната атмосфера за одбележување на Денот на летото во Елбасан започна пред една недела, а жителите подготвија разни активности и слатки како и традиционални балови кои се главниот симбол на 14 март.
Покрај Елбасан, Денот на летото се слави и во многу други градови во Албанија. Во Тирана беа организирани 100 активности во 10 различни области. Во Драч се собраа многу граѓани да прослават.
„Имаме традиција, подготвуваме пченка, колачи, јајца. Ги наследуваме од предците…
„Во нашиот крај правиме колачиња, јајца, алва, стари работи кои можеме да ги наследуваме од нашите предци“…
„Се молиме за добрина, за доброто на куќата, за да ги заштитиме децата што ги имаме во печалба, за се се молиме“, рекоа граѓаните.
Премиерот Рама и поранешниот премиер Бериша го посетија Елбасан каде на граѓаните им го честитаа празникот Денот на летото.
„На сите им посакувам среќно враќање на сончевите денови“, порача Рама.
„Овој ден е истовремено симбол на промени, на расцутување“, рече Бериша.
Меѓу многуте активности, во одбележувањето на 14 март, граѓаните палат и оган како симбол на надежта.
Вјолца Алити