Аргентина ќе ја повлече десетката кога најдобриот фудбалер Лионел Меси, ќе реши да се пензионира од националниот тим.

Претседателот на Аргентинската Федерација (АФА), Клаудио Тапија ја објави оваа информација за повлекувањето на најтешката бројка за носење, која на грбот прво ја носеше Диего Марадона, а сега Лео Меси.

„Кога Меси ќе се пензионира од репрезентацијата, ќе ја повлечеме десетката од националниот тим и ниту еден фудбалер после него нема да ја носи. Мислам дека Лео заслужува таква чест“, рече Тапија.

Тоа што е сигурно е дека Меси ќе игра за Аргентина до идното лето кога на програмата е Копа Америка во САД, каде „гаучосите“ ќе ја бранат титулата освоена во 2021 година на „Маракана“ во Рио Де Жанеиро.

Аргентинците се надеваат дека Меси после континенталниот шампионат ќе продолжи да игра барем до СП 2006 во САД, Месико и Канада и дека ќе биде прв со шест настапи на Светските првенства, а ќе го предводи националниот тим во одбраната на круната./Sport1.mk/

Прикажи повеќе