„ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијата на нашите граѓани кои ја казнија оваа застарена корумпирана каста. Овој клуб на луѓе гладни за власт и нурнати во корупција со години ја водеа околината со катастрофални кадри која, како резултат на тоа, доведоа до оваа состојба. Дури, не треба да се заборави и иницијативата на качакот, Артан Груби, кој се обиде да ја претвори ДУИ во зелена партија откако ја уништија животната средина, но и тие не успеаја во овој обид, како што самите најдобро знаат“, соопшти ВЛЕН.
„Загадениот воздух и уништената животна средина се резултат на неодговорноста на поранешната власт, која го третираше Министерството за животна средина како неважна институција, доволна за некој да стане министер. Значи, за поранешната власт, Министерството за животна средина беше пазарен производ кој ги задоволи нивните негодувања.
Загадувањето на воздухот во Скопје датира одамна. Потсетуваме на времето на поранешниот министер од ДУИ, Садула Дураку, како што повеќе сакаат да го нарекуваат “гага“, кој не покажа срам и одговорност на новинарско прашање на оваа тема дека граѓаните се загрижени за загадениот воздух. Неговиот одговор беше следен: “Не ме засега што мислат граѓаните“.
Значи, со овие кадри на ДУИ, животната средина дојде во мизерна состојба и загадениот воздух навлезе во нашите населени места. Но, сега ова прашање заврши бидејќи ДУИ во опозиција сите работи доаѓаат бинарно.
Откако е на власт ВЛЕН, Министерството за животна средина и просторно планирање додели 50 милиони евра за општините. Со што ќе можат да развиваат значајни проекти од областа на животната средина.
Министерството за животна средина и просторно планирање под раководство на министерот Меџити успешно освои донација од Европската Унија со која обезбедивме 6 еколошки автобуси. Во меѓувреме, како Влада ја разгледуваме можноста за набавка на 100-120 електрични автобуси, со цел одржливо решение на проблемот со јавниот превоз, но и директно да влијаеме на подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје.
ВЛЕН максимално се залага за подобрување на квалитетот на воздухот загаден од неодговорноста на поранешната власт“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.