Се разбуди најголемиот и највисок активен вулкан во Европа, Етна, објавија италијанските медиуми.
Italian authorities issue ash advisory after eruption of Mount Etna. This video shot about 14 miles from the base of the volcano shows a huge plume of smoke rising as lava shoots towards the sky. https://t.co/7BhMUkKaJC pic.twitter.com/bqErtZwin9
– Advertisement –
— ABC News (@ABC) January 19, 2021
Лавата од Етна се излеала во два крака, првиот кон напуштената долина Бове, а втората во северниот дел на кратерот на вулканот.
Вулканската пепел покрила повеќе автомобили во селата на Сицилија, а локалните власти известиле дека црна пепел е пронајдена и на дваесетина километри од Етна.
Ерупцијата била видлива и од градот Таормина, оддалечен педесетина километри.
L’attività eruttiva in corso all’#Etna è ben visibile anche dalla famosa baia di Naxos, vicino Taormina.
La colata lavica è attualmente a 2.900 metri di altitudine e si dirige verso la Valle del Bove.
Si nota dalla foto anche un pennacchio di cenere.Foto: Carmine Quattropani. pic.twitter.com/0LybbwOTB4
— Il Mondo dei Terremoti (@mondoterremoti) January 18, 2021
На Бадник 2018 година, поради ерупцијата на Етна, воздушниот сообраќај беше во прекин, а четири дена потоа, земјотрес со јачина од 4,9 степени ја потресе Сицилија. Немаше жртви, но повредени беа четири лица и неколку згради беа оштетени.
Првиот пишан доказ за ерупција на Етна, вулкан висок 3.300 метри, датира од 425 година п.н.е., Иако ерупциите се чести, тие ретко предизвикуваат голема штета.