Овие вкусни и едноставни колачиња ќе ве воодушеват.
Потребни состојки:
За колачиња од ванила:
– 125 гр. путер
– 50 гр. шеќер во прав
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 125 гр. меко брашно
– 50 гр. прашок за пудинг од ванила
За колачиња од чоколадо:
– 125 гр. путер
– 50 гр. шеќер во прав
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 125 гр. меко брашно
– 50 гр. прашок за пудинг од чоколадо
Начин на подготовка:
1. Рачно измешајте го путерот со шеќерот во прав и ќесичките ванилин шеќер.
2. Во смесата додајте го брашното и измешајте.
3. Потоа, додајте го и пудингот во прав од ванила и замесете ја смесата.
4. Ставете ја смесата во ќеса за замрзнување и оставете ја во фрижидер половина час.
5. За тоа време подгответе ја чоколадната смеса, а потоа оставете ја и неа во фрижидер.
6. Извадете го светлото тесто од фрижидерот и направете парчиња тесто со големина на лешник.
7. Ставете ги во тава обложена со хартија за печење, но оставете простор помеѓу колачињата бидејќи ќе нараснат.
8. Притиснете ја секоја топка со вилушка за да оставите трага на неа.
9. Печете во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 8 минути.
10. Од вкупната количина на двете смеси ќе добиете 82 колачиња.