Во ноќта помеѓу 2020 и 2021 година по средноевропско време на програмата беа седум натпревари во најсилната лига на светот, НБА.

Екипата на Хјустон рокетс ја забележа првата победа сезонава откако славеше против Сакраменто кингс со резултат 122:119.

Најефикасен за „ракетите“ беше Харден со 33 поени (шест скока, осум асистенции), а на спротивната страна Барнс реализираше 24 поени (осум скока).

Индијана на домашен терен со 119:99 беше подобра од Кливленд и со учинок од 4-1 го продолжува одличниот страрт во шампионатот.

За Пејсерси доминираше литванскиот интернационалец Домантас Сабонис со 25 поени (10/14 од поле), додаде 11 скока и седум асистенции. Кај Кавалирси прв стрелец беше Секстон со 28 поени (12/19 од поле).

Индијана е моментно водечка во Источната конференција, заедно со екипите на Филаделфија и Орландо. Во Западната конференција водат Феникс санс и Лос Анџелес клиперс исто така со ефект од четири победи и еден пораз.

НБА, резултати –

Индијана пејсерс-Кливленд кавалирс 119:99
Вашингтон визардс-Чикаго булс 130:133
Орландо меџик-Филаделфија сиксерс 92:116
Хјустон рокетс-Сакраменто кингс 122:119
Торонто репторс-Њујорк никс 100:83
Оклахома Сити тандер 80:113
Јута џез-Феникс санс 95:106